Лидерот на ДПА, Мендух Тачи во вчерашаната дебата на Клан ја критикуваше соработката на албанските партии со партијата Левица. Според него, дискурсот на оваа партија покажува колку е антиалбанска.
– Левица не ја прифаќа независноста на Косово. Левица го искина документот на кој што пишуваше на албански јазик, – потсетува Тачи.
Потоа додаде дека не се појавува на дискусии во Собранието бидејќи ќе треба да го истепа лидерот на Левица, Димитар Апасиев.