Мелинда Линдмарк (28) од Шведска е прославена шведска фитнес икона и модел. Како што вели, почнала да тренира уште како тинејџерка, а нејзиниот труд ја довел до тоа денес нејзините совети да ги следат повеќе од милион луѓе.
Таа ја дели својата експертиза како тренер и ги поттикнува и другите да водат здрав и активен начин на живот. Мелинда секојдневно објавува видеа од тоа што јаде и како изгледаат нејзините тренинзи, а нејзините мускулести раце и извајано тело ви кажуваат дека оваа девојка и те како знае што прави.