Новиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, кој положи заклетва во саботата, го продаде претседателскиот авион, бидејќи претерано е луксузен. Станува збор за Боеинг 787-8 Дримлајнер кој владата го купила во 2012 година за 368 милиони долари. Последен пат авионот го употребил досегашниот претседател Енрике Пења Нието за состанокот на Г-20 во Буенос Аирес.
“Ги продаваме сите авиони и хеликоптери кои ги користеа корумпираните политичари”, изјави Лопез Обрадор, што значи дека новиот претседател ќе продаде уште 60 владини авиони и 70 хеликоптери.
Инаку, Андрес Мануел Лопез Обрадор е првиот левичар кој успеа да дојде на чело на Мексико после неколку децении.Тој на својот народ му вети работни места, социјален развој и економски раст.