Минатата недела домашните и меѓународните медиуми известуваа за тензичната политичка ситуација во Мексико, предизвикана од најавената реформа во судството.
Дошло до конфронтација меѓу владејачката партија и опозицијата, која била префрлена во Сенатот, каде исто така бил забележан судир.
Во вторник, на 10 септември, сесијата била емитувана во живо, а еден детал го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи и брзо стана вирален.
Имено, за време на дебатата за реформата, на говорницата се појави опозициска група, меѓу кои и сенаторката Џина Гонзалес.
Дошло до туркање, а несреќната жена доживеала „незгода“ со облеката.
Копчињата на блузата се олабавиле, а камерата ја снимила како се обидува да се тргне настрана, пренесува El Siglo de Durango.
Клипот се појави на бројни мрежи, а само на TikTok има милиони прегледи.