Италијанецот кој прозборе со словенски акцент по мозочен удар, иако никогаш не престојувал во земјите од областа на словенското говорно подрачје, е првиот ваков случај документиран во Италија, јавуваат италијанските медиуми.
Тој се опорави откако доживеа мозочен удар во десната хемисфера на мозокот пред три години, нема когнитивен дефицит, но зборува со странски акцент. Тоа е прв случај во Италија, а трет во светот што се однесува на мозочен удар во десната хемисфера на мозокот. Како што е наведено, анализата покажала дека „повредата на мозокот предизвикала промена на местото и начинот на артикулација на некои самогласки кај пациентот, што довело до перцепција на странски акцент“.
Во научната литература се опишани 115 случаи на „синдром на странски акцент“, а од 1800 година до денес само тројца пациенти претрпеле мозочен удар во десната хемисфера на мозокот и го развиле тој синдром, пренесува италијанскиот Скај Тг24.