Идентични (еднојајчани) близначки, 37-годишните медицински сестри Кејти и Ема Дејвис починале оваа седмица како последица од инфекција со коронавирусот во интервал од три дена на Универзитетската болница во Саутемптон.
Кејти починала во вторникот, а Ема во петокот во истата болница/ Живееле заедно. Нивната сестра Зое изјавила за медиумите дека отсекогаш зборувале дека заедно дошле на светот и дека од него заедно и ќе заминат.
Додала и дека двете близначки боледувале од уште некои хронични болести, како и дека веќе подолго време не се чувствувале добро.
„Навистина беа посебни. Отсекогаш сакаа да им помагаат на луѓето. Уште како девојченца си играа лекари и медицински сестри и ги ‘лекуваа’ своите кукли“, вели Зое.
Кејти, којашто работела во Детската болница во Саутемптон, била позитивна на коронавирусот кога била примена во болница и починала во втроникот вечерта. Ема, којашто починала во петокот утрото, работела до 2013 година како медицинска сестра.
Во пораката главната сестра на болницата Гејл Брн, појаснува дека двете сетри биле во многу лоша состојба кога биле примени во болницата и се покажале дека и двете боледуваат од Covid-19.
„Ова е голема и трагична загуба за нивното семејство и за сите нас кои ги познававме“, напиша Бирн.