Медицинската сестра Имарис Вера која работи на интензивна нега објавила вознемирувачко видео, во солзи открила зошто ја напуштила својата работа на првата линија за борба против коронавирусот.
Таа во понеделникот ја напушти единицата за интензивна нега во Централната болница во Винфилд, Илиноис, кога пристигнала на смена и сфатила дека персоналот нема заштитни маски.
А, регистрираната медицинска сестра, која се грижела за пациенти со коронавирус, тврди дека кога понудила да носи своја лична заштитна опрема (ППЕ), нејзиниот менаџер го одбил нејзиното барање, повикувајќи се на политиката на Центри за контрола на болести.
Имарис (30) во моментов живее со својата сестра Сабрина, која има ретка болест на крвта, што ја става во опасност доколку се зарази со Ковид -19, поради што Имарис решила да го постави семејството на прво место и да ја напушти болницата.
Во „поплава“ од солзи, таа вели: „Јас се откажав денес, сакав да работам и бев доделеа на пациент со КОВИД на единицата за ИЦУ, кој беше префрлен во одредена единица за КОВИД. Ниту една медицинска сестра не носи маски, дури ниту хируршки маски по ходниците кога една на друга си предаваат извештаи“.
“Имав моја N95 маска. Му реков на мојот менаџер дека разбрав дека немаме залиха, но за заштита дозволете ми да ја носам. Имам семејство каде треба да се вратам назад и работите тука нема да се подобрат“.
https://www.instagram.com/p/B-YMwXChtt-/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
Видеото беше објавено во понеделникот вечерта и станало вирално бидејќи добило скоро 140.000 прегледи.
Сега Имарис зборува и сака да биде глас на милиони медицински сестри кои работат во Америка.
„Знам дека сум потребна и сакам да помогнам, но се чувствувам како тоа да е по цена на мојот живот или животот на моето семејство и тоа е неприфатливо.
„Ние не би ги испратиле нашите војници на биолошка борба без гасни маски или вооружени само со ножеви. На ист начин, медицинските професионалци мора да бидат соодветно заштитени“.
„Ако има недостиг на заштитна опрема и чекаме повеќе залихи и ако сум подготвена да ги користам моите резерви од дома, не треба да бидам казнета“.
„Не треба да се грижам за изборот помеѓу работата и животот или животот на моите најблиски“, вели Имарис.
Извор: Daily mail