Бети Гриер Галагер (78) по повеќе од 50 години како медицинска сестра имала право на пензија. Но, таа решила да остане и да работи за време на пандемијата за да помогне во критичната ситуација.
Галахер работела во ноќна смена во Медицинскиот центар во Алабама за да може да им предава на помладите медицински сестри. Таа се грижела за своите пациенти на ист начин како што се грижела за семејството и за колегите. Таа, според нејзините најблиски, била омилена медицинска сестра.
Кога започнала пандемијата на ковид-19 во март, колегите на Галагер биле загрижени за нејзиното здравје и ја замолиле да остане дома. Но, таа сметала дека им е потребна на пациентите и на соработниците, па продолжила да работи сè додека не се заразила со коронавирус во декември.
Таа починала од ковид-19 на 10 јануари, ден пред нејзиниот 79-ти роденден, во истата болница во која работела поголемиот дел од нејзината кариера, пишува Си-Ен-Ен.
“Таа не го стори тоа за да се истакне. Го стори тоа затоа што ова беше нејзината професија”, рече нејзиниот син Карсон Гриер.
Медицинската сестра Џо Хатен, која работела со Галагер, забележала на 19 декември дека инаку неуморната Бети има проблеми со дишењето. Галахер рекла дека станува збор за истоштеност, но следниот ден завршила во болнички кревет.
Ја тестирале и била позитивна на коронавирус. Хатен и другите колеги се обиделе да и направат на Галахер да и биде што е можно поудобно. Откако го обиколувала одделот, Хатен застанувала покрај нејзината соба и и покажувала слики од своето куче.
Пред да почине, Галахер испратила порака до еден нејзин колега и напишала дека ќе се повлече кога ќе се излекува од болеста.