Македонскиот документарец „Медена земја“ не освои Оскар во двете категории во кои беше номиниран, но и со самата номинација таа е морален победник. Во категоријата за најдобар странски филм од неанглиско подрачје златната статуетка заврши во рацете на јужнокорејскиот филм „Паразит“ додека во категоријата најдобар документарен филм Оскарот го доби „Американска фабрика“.
Во категоријата меѓународен филм покрај „Медена земја“ и јужнокорејскиот „Паразит“, беа и „Корпус Кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција и шпанскиот „Болка и слава“.
Инаку,„Медена земја“ е првиот документарец номиниран за „Оскар“ во две категории, со што се впиша во филмската историјата. Документарниот филм во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска е третото остварување од Македонија номинирано за „оскар“ по „Пред дождот“ на Милчо Манчевски и „Дае“ на Столе Попов.
Екипата на ,,Медена земја“ преку Фејсбук се заблагодари за поддршката:
“Пред сѐ, сакаме да се заблагодариме на сите што нѐ бодреа и веруваа во нас. Сепак, и покрај тоа што „Медена земја“ не доби Оскар, сосема сме свесни за големината на овој филм, за значењето на пораката што ја пренесува, за силата на бескрајните приказни што се кријат во оваа земја и за многуте наши талентирани уметници кои знаат како тие приказни да ѝ ги покажат на публиката.
Почестени сме што бевме номинирани покрај овие одлични филмаџии со смели приказни кои им се обраќаат на луѓето од целиот свет, на универзалниот јазик на кинематографијата. Не можеше да се предвиди дека нашиот филм ќе влезе во историјата на Македонија и во историјата на номинациите за „Оскар“.
И главната протагонистка на документарецот, Атиџе Муртова, од Лос Анџелес ја упатува својата порака:
“Мојот живот по снимањето на филмот драстично се промени. Сега имам нова куќа, и сѐ станува подобро и подобро. Сакам публиката да извлече само една порака од филмот: како што јас споделувам со своите пчели, така сакам и сите луѓе да споделуваат едни со други, е пораката на Атиџе.
Инаку, Јужнокорејскиот филм „Паразит“ е најдобриот филм за оваа година, одлучи Академијата на Оскарите. Ова е прв пат оваа награда да ја добие филм од неанглиско говорно подрачје. Всушност, со четири освоени награди, овој филм е победник на ова, 92-ро издание на Оскарите.
Престижната награда за најдобар актер ја доби Жоакин Феникс, за „Џокер“, а Рене Зелвегер се закити со наградата за најдобра актерка за „Џуди“.
Популарниот Бред Пит зеде Оскар за најдобар актер во споредна улога.
Ова се сите добитници на престижната награда „Оскар“:
Најдобра машка споредна улога – Бред Пит
Најдобар анимиран игран филм – Приказна за играчките 4
Најдобар анимиран краток филм – Хаир Лове
Најдобар документарен филм – Америцан Фацторѕ
Најдобро оригинално сценарио – Паразит
Најдобро адаптирано сценарио – Џоџо Рабит
Најдобар краток игран филм – Прозорецот на соседите
Најдобар продукциски дизајн – Беше еднаш … во Холивуд
Најдобар костимограф – Мала жена
Најдобар краток документарен филм – Учење на скејтборд во воена зона
Најдобра споредна актерка – Лаура Дерн
Најдобро уредување на звук – Форд во Ферари (Доналд Силвестер)
Најдобро звучно мешање – 1917 година (Марк Тејлор и Стјуарт Вилсон)
Најдобра кинематографија – 1917 година (Роџер Декинс)
Најдобро уредување на филм – Мајкл Меккукер и Ендру Бакленд за „Форд во Ферари“
Најдобри визуелни ефекти – 1917 година
Најдобра шминка и фризура – Бомбсхелл
Најдобар интернационален филм – Паразит
Најдобар оригинален резултат – Џокер
Најдобра оригинална песна – Роцкетман
Најдобар режисер – Бонг Џон-Хо
Најдобар актер – Јоакин Феникс (Џокер)
Најдобра актерка – Рене Зелвегер
Најдобра фотографија – Паразит