МЕГАН МAРКЛ ГО ВООДУШЕВИ СВЕТОТ: Го соблече скапоцениот капут за да покрие бебе (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Војвотката Меган Маркл и принцот Хари моментално престојуваат во Холандија, каде присуствуваат на игрите Invictus, а откако се прошетаа по жолтиот тепих, Меган својот капут го даде на една од натпреварувaчките за да го обвитка своето бебе.

Елегантната Меган за оваа пригода одбрала бело палто од волна, кое го искомбинирала со бели панталони со висока половина од брендот „Валентино“, а комбинацијата ја надополнила со популарниот капут на „Макс Мара“ чија цена е 3.710 фунти и чевли „Аквазура“ кои ги носела и порано.

Поранешната кралска двојка на настанот пристигна во друштво на натпреварувачите меѓу кои беа и Фена Гуетес од холандскиот тим со сопругот Бертине Шурхуис, која во рацете ја држеше нивната ќерка Ливија. Без многу размислување, Меган со својот капут го обвиткала девојчето за да не му биде ладно.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com