Војвотката од Сасекс, 37 годишната Меган Маркл на забава ,,Сајонара Зара” на гостите им ја поделила својата евтина облека. Таа ја организирала забавата откако станала доволно богата за да може да си дозволи дизајнирана облека.
Забавата ,,Сајонара Зара” се одржала откако Меган сфатила дека ќе стане популарна актерка по улогата во серијата “Суитс”, која почнала да се емитува во 2011. Тогаш , за да ослободи место во гардероберот , ја поделила облеката , а откако станала популарна почнала да купува облека , која била стилски сосема поинаква. Облеката ја избирала со помош на својата стилистка Џесика Малруни , со која станале најдобри пријателки.