Пред да стане војвотка од Сасекс, Меган Меркл за магазинот „Гламоур“ направила список на жени кои имале позитивно влијание на нејзиниот живот, а помеѓу нив секако се нашла нејзината мајка Дориа Регланд, но и Џулија Робертс.
“Таа беше првата личност што ја видов на екран и се сеќавам дека помислив: ‘Ова е толку забавно, сакам да се занимавам со ова’. Кога бев помлада, некој дури и ми рече дека личам на неа во профил и тоа е најдобриот комплимент што сум го добила“, изјави Меган.