Илјадници обожаватели на британското кралско семејство во светот деновиве го читаат најинтересното четиво оваа година – книгата „Одмазда“ на британскиот новинар Том Бауер, во која Меган Маркл е опишана преку најлошите можни приказни на поранешните колеги, пријатели и татко и Томас Маркл.
Том Бауер, познат британски новинар, посветил неколку месеци на истражување на животот на Меган Маркл, а книгата што ја напишал сега се продава на „Амазон“. Делови од книгата протекоа на Твитер во последните денови, а една информација од книгата особено ги погоди обожавателите на британското кралско семејство.
Како што наведува Бауер во книгата, Меган Маркл ја малтретирала малата принцеза Шарлот пред нејзината венчавка со Хари и му рекла на девојчето дека е дебела. Ова, според книгата, страшно ја погодило Кејт Мидлтон, која се расплакала, а тој настан засекогаш го променил односот меѓу двете снаи.
На Твитер се активни хаштаговите #MeghanMarkleExposed и #MeghanMarkleBulliedCharlotte, под нив се напишани илјадници објави, а Твитер исто така е преплавен со фотографии од делови од книгата кои би можеле да го нарушат имиџот на војвотката.
Авторот признава дека за книгата интервјуирал главно луѓе кои денес не се во добри односи со Меган и немаат најдобро мислење за неа. Токму тие ја опишале сопругата на принцот Хари како многу наметлива, тешка, неприлагодлива и која често до солзи ги повредувала своите блиски луѓе и соработници.
Освен тоа, тие објасниле дека таа отсекогаш се стремела кон луксуз, дури и пред да го запознае британскиот принц. Еден од нејзините долгогодишни соработници ја опиша како најнељубезната личност со која работел.