Меган Маркл минатата недела излегла на настан и забава со најблиските пријатели во Лос Анџелес, а со неа не бил нејзиниот сопруг, принцот Хари.
Меган Маркл била на отворањето на нова линија за нега на коса од нејзината фризерка Кади Ли и нејзиниот деловен партнер Мајк Харис. Нејзиниот сопруг, принцот Хари не ѝ се придружил на својата сопруга на прославата, но друштво ѝ правеле нејзините најдобри пријатели, фризерот Серж Нормант и шминкерот Даниел Мартин, пишува „Њујорк пост“.
Војвотката од Сасекс изгледаше неверојатно во црн горен дел и панталони со широки ногавици, пишува магазинот. Стајлингот го комплетираше со високи потпетици, додека од деталите избра златен накит.
На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од прославата, а ги сподели дизајнерката на накит Маја Бренер.
Судејќи по фотографиите, Меган одлично се забавуваше без принцот Хари, а беше забележана и како танцува
https://twitter.com/i/status/1857411305939878007