Интервјуто на Меган и Хари не престанува да ја интригира јавноста. Во разговорот со Опра Винфри, Меган во еден момент вели дека не знаела премногу за британското кралско семејство, со оглед на тоа дека живеела во Америка.
Но очигледно баш и не ја зборува вистината затоа што нејзината најдобра другарка Нинаки Приди, која и била деверица на венчавката со првиот сопруг Тревор Енгелсон, рекла дека знаеле многу повеќе од што тврди. Наводно, Меган и тоа како знаела кој е Хари и колку кралското семејство е важно во Британија. А според Приди, Меган била опседната со нив.
– Не сум шокирана. Како ова да го планираше целиот живот. Таа добива се што сака и Хари падна на нејзината глума, -рекла Приди, кога беше објавено дека Меган ќе се мажи за Хари.
Инаку, Приди се наоѓа на познатата фотографија на Меган од тинејџерските денови, кога двете другарки позирале пред Бекингамската палата на патувањето во Лондон.
– Таа сака да биде новата принцеза Дајана, рекла огаш Нинаки Приди. – Кралското семејство ја фасцинираше. Не сум шокирана, па дури ни изненадена од ова што го слушам за неа и Хари. Го сакаше филмот „Дневникот на принцезата“ за обична девојка која станува дел од кралското семејство, многу и се допаѓаше таа идеја.