Иако на прв поглед се појавила во сосема обична комбинација, Меган Маркл во стајлингот вклопила накит, кој не е нималку секојдневен.
Имено, војвотката од Сасекс ја претставила својата книга за деца „Клупа“, која им ја посветила на синот и сопругот.
Иако на прв поглед изгледала лежерно и удобно, облечена во фармерки и обична кошула носела накит кој воопшто не е секојдневен.
Меган носела накит вреден 400.000 долари. Часовникот кој често го носи е „Картиер“, вреден 23.000 долари, кој некогаш ѝ припаѓал на принцезата Дијана.
Хари на Меган ѝ го подарил овој часовник во првите години од нивната врска. Покрај часовникот носела и белегзија од истиот бренд вредна 6.900 долари.
Тука е и мини златната белегзија од 3.000 долари дизајнирана од Џенифер Мејер и прстен на малиот прст, дело на Лорејн Шварц, кој се проценува на 62.000 долари, пренесува “Daily Mail”.
На раката го носела и венчалниот прстен кој чини 271.000 фунти.
Целокупниот изглед го надополнила со децентна шминка и лежерна пунџа.