Меган и Хари започнаа нов живот во Канада кој според извор близок на нив многу им се допаѓа. Двојката наводно станала многу поспокојна откако им престанаа кралските должности. Сепак, тие ќе мора во март да се вратат во Велика Британија.
Имено, кралицата Елизабета Втора им пратила покана за овогодинешната службена миса по пово деновите на Комонвелтот во Вестминистерската опатија во Лондон. Тој ден, сите членови на кралското семејство се обединуваат на прослава, каде воведниот збор го има поглаварот на англиската црква – кралицата Елизабета.
На 9 март јавноста би можела да ги види Меган и Хари, а тоа најверојатно ќе биде нивната последна обврска поврзана со кралските должности.