Гласините за разводот на принцот Хари и војвотката Меган Маркл се зголемуваат бидејќи тие одделно присуствуваат на настани. Извори блиски до парот за странските медиуми тврдат дека разводот е на прагот.
Неодамнешното соло патување на Хари во Лесото во Африка, допотилено ги поттикна шпекулациите. Изворите сугерираат дека принцот Хари и Меган Маркл веќе живеат одвоени животи и дека „немаат веќе ништо заедничко“.
Двојката е позната по заедничките промоции за добротворни цели, но неодамна се видени сами, односно одвоено присуствуваат на вакви настани. Дополнително, Хари го прослави својот 40-ти роденден со пријателите наместо со семејството.
„Хари и Меган веќе живеат одвоено – и имаат план за развод. Веќе некое време се оддалечуваат еден од друг. Желбата на Хари да се врати во Британија, каде што се неговите стари пријатели за дружба и забави е се поголема, како и неговата надеж да се врати во многу пријатните пазуви на кралското семејство. Се ова навистина го оптоваруваат нивниот брак. Хари веќе ги мрази обидите на Меган да станат ѕвезди, уште откако Нетфликс и Спотифај застанаа настрана и беа исмејувани, а Англија почнува да му недостига“, изјавил извор за Радаронлајн.
Изворот додаде: „Порано сакаше да оди во паб и да спортува со своите другари. А животот што Меган сака да го води во Лос Анџелес не може да биде подалеку од тоа и изгледа туѓо за секој полнокрвен Англичанец. Неговите планови да ги продолжи сопствените работи и турнеите далеку од Меган се првиот знак дека тие се, всушност, на „пробна разделба“ додека го решаваат разводното прашање“.
Сепак, некои медиуми застанаа на страна на Хари и Меган и објавија од друг извор дека тие „остануваат среќни“ и дека „нормално е паровите да не прават сè заедно“.