Меган и Хари го покажаа Арчи (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Денеска светот имаше можност одблиску да види како всушност изгледа малиот Арчи. Меган и Хари го запознаа нивното четиримесечно бебе со бискупот Дезмонд Туту и неговата ќерка Тандека Туту која била воодушевена од Арчи.

На видеото објавено на нивниот официјален профил, тие влегуваат во резиденцијата на бискупот, а Меган го носи малиот Арчи во раце додека тој преслатко се смее.

Ова е прво вакво видео објавено од кралската двојка, а и прво појавување на Арчи со неговите родители на официјалната турнеја низ Јужна Африка.

Инаку, Хари и Меган се на 10 дневна турнеја во Јужна Африка.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com