На Твитер е објавена фотографија на која се гледа лицето на Арчи, синот на Меган Маркл и принцот Хари. Момчето кое во 2023 година ќе наполни четири години, стана ѕвезда на социјалните мрежи, а обожавателите на Сасекс се воодушевени што конечно го гледаат малиот.
Арчи се појави со својата мајка Меган во повик од Зум, а скриншот беше објавен на социјалните мрежи.
Семејството разговарало со Јотака Еди, извршна директорка на консултантската компанија за социјално влијание „Фул сиркле стратеџис“, пишува „Сан“. На повикот наводно учествувале и американскиот политички стратег Дона Бразил и професорката по американски студии Дачес Харис.
Многумина беа изненадени што Меган без причина реши да го покаже лицето на синот.
Нејзините многубројни „хејтери“ веднаш ја развиле теоријата дека со оваа објава Меган сака да го сврти вниманието на медиумите од принцезата Кејт и принцот Вилијам,кои дојдоа во САД, кон себе и сопругот Хари.