Министерството за внатрешни работи во целост ги демантира написите на социјалните мрежи за некакви мистериозни луѓе што повикуваат деца на шетање и дека на исчезнатите луѓе им се вадат органи.
,,Целосно ги демантираме лагите и измислиците што неодговорни поединци ги шират по социјалните мрежи со цел да предизвикаат паника кај граѓаните. МВР ја гарантира безбедноста на граѓаните! Апсолутна лага е дека имало некакво вадење на органи или некакви слични дезинформации. Апелираме до медиумите и јавноста да се повикуваат на официјалните податоци на институциите и да се воздржат од шпекулации што можат да ја вознемират јавноста. Статистичките податоци покажуваат дека не постои тренд на пораст во исчезнувањата, и дека во континуитет во последниве пет години пронаоѓањето на пријавените исчезнати лица се реализира со околу 94% . Апелираме уште еднаш за воздржување од шпекулации кои неосновано ја вознемируваат јавноста.За оние пак кои со очигледна намера ја вознемируваат јавноста, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законите“-се вели во соопштението на МВР.