МВР го објави видеото со запленетите 700 килограми кокаин, каде е вмешана и македонската актерка Силвија Стојановска.
На прес конференцијата министерот на МВР Оливер Спасовски меѓудругото соопшти дека Стојановска за потребите на нејзиниот сопруг резервирала апартман во Шпанија и го платила со своја картичка, но и зела 10 000 евра од непознато лице. За шверцот бил ангажиран и неговиот брат кој е жител на Белгија бидејќи Будисављевиќ има забрана за патување во земјите на ЕУ. За транспортот на дрогата биле исплатени 850 000 евра.
МЕЃУНАРОДНА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА “ КОЛИБРИ “
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во периодот јули-декември 2019 година, во координација со јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде низа мерки и активности за утврдување на активностите на организирана криминална група предводена од двајца македонски државјани. Заради размена на информации и договарање на активности и во рамки на предистражната постапка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал оствари низа средби и координирани состаноци во Скопје и Мадрид со полициски службеници од Шпанија и ДЕА.Повеќе детали на пресот во 10:15часот мвр зграда 1.
Posted by Министерство за внатрешни работи on Tuesday, December 24, 2019