Килијан Мбапе ужива на одмор и покрај разните приказни и шпекулации во врска со заминувањето од ПСЖ.
Додека тимовите од Саудиска Арабија му нудат астрономска сума на пари да дојде таму на една година, францускиот фудбалер моментално летува на Сардинија во друштво на две убавици.
Папараците го снимиле во Италија и на фотографиите може да се види како ужива со девојките со коктели и разни алкохолни пијалаци. Нивните имиња не се познати, барем не сè уште, но сите тројца очигледно добро си поминуваат таму. Познатиот фудбалер бил забележан и во неколку ноќни клубови.
Она што е интересно е што на едно од ноќните излегувања, Мбапе бил забележан со играчот на Реал Мадрид, Родриго, а тоа беше доволно повторно да започнат шпекулации околу наводниот договор кој Мбапе го склопил со мадриѓаните.
Парижаните поради ова се бесни на него, бидејќи тој наводно се согласил следното лето да потпише за „кралскиот клуб“ и да си замине без обештетување. Затоа ПСЖ сака да направи сè за да го продаде ова лето за да профитира…