Популарната страна за готвење стана вистинска интернет сензација после снимката на социјалните мрежи на кои е прикажано како подготвува месо прекриено со 24 каратно злато.
Слат Беи, исто така познат како Нусрет Гок, сопственик на луксузен ланец ресторани Нуср Ет, стана познат после неговите снимки додека става зачини врз меса на свој автентичен начин.
Најавата дека оваа златна шницла која чини 805 евра ќе биде донесена во Велика Британија предизвика многу големо внимание меѓу граѓаните.
Салт Беи е сопственик на луксузни ресторани ширум светот, од Абу Даби до Грција, а готвел за познати ѕвезди како Леондардо Ди Каприо и Дејвид Бекам.
Неговиот златен додаток на јадењата ќе биде претставен во Лондон на 17. мај – истиот ден гостите ќе можат повторно да јадат во рестораните, а биртанските медиуми пренесуваат дека тие што сакаат да го пробаат ќе мораат да стават стан под хипотека за овој специјалитет.
Инаку, Салт Беи „тежи“ околу 50 милиони долари, но се предвидува дека со отворање на ресторан во Лондон тоа богатство и тоа како ќе се умножи.