Фолк пеачот Наум Петрески освен за пеење докажа дека го бива и за “фаќање“ риба, односно, дека е одличен риболовец.
Наум честопати на социјални мрежи се фали со уловот, а тоа најчесто го прави во неговата родна Струга. Неговите пријатели низ шега ќе ви кажат дека со Наум не може никој да се „мери“ кога станува збор за ловење на риба.
Дека е навистина така, докажува и неговата последна објавена фотографија, на која може да се види дека станува збор за огромен крап, голем речиси колку и самиот Наум.