Американската пејачка Мајли Сајрус снимила едиторијал за магазинот „Интервју“, кој за насловната страна избрал фотографија на која е топлес.
Задоволната Мајли и сама ја споделила оваа фотографија на својот Инстаграм и добила над милион и 600.000 допаѓања.
Во интервјуто, таа зборувала за тоа како пронашла рок sвезда во себе и како стигнала до „крајната форма во себе“ и од Хана Монтана во 2007. година, денес, на 28 -годишна возраст. Интервјуто со неа го водел Ларс Улрих, тапанарот на „Металика“.
Таа, исто така, споделила уште една фотографија од ова снимање, на која следбениците коментирале „таа е само она што е“. Фотографијата со нејзината позадина во преден план доби уште повеќе лајкови – повеќе од два милиони.
Во интервјуто, таа зборувала и за тоа дека каде и да оди носи две тетратки со себе. Во една од нив се запишани сите нејзини „вистини, вредности, нејзината цел, нејзиниот потенцијал, можности, обврски кон другите и кон самата себе“.
„Постојано пишувам во таа тетратка. Неодамна запишав нешто мудро што го слушнав. Нешто за тоа колку е важен текстот во песната за да се поврзе публиката со песната. Се’ е во зборовите, Кога ќе помислам на песната Nothing Else Matters знам дека содржи целосно се што е мојот систем на вредности “.