Актерот Мајкл Џеј Фокс, којшто боледува од Паркинсонова болест, во количка бил изнесен на сцена.
Ѕвездите како што се Роберт Дауни Џуниор, Рајан Гослинг, Бредли Купер и Марго Роби, станале да го поздрават тешко болниот актер којшто подолго од 30 години се бори со Паркинсонова болест.
Мајкл Џеј Фокс (62) на сцена бил изнесен во количка, но потоа станал и се потпрел на говорницата, а публиката исто така станала и го поздравила со ракоплескање.
Актерот којшто го паметиме од серијалот „Back To the Future“ дознал дека боледува од Паркинсонова болест кога имал само 29 години, во 1991 година. На јавноста ѝ ја соопшти таа вест седум години подоцна и оттогаш се бори против болеста.
На доделувањето на „BAFTA“ наградите дошол со сопругата Трејси Полан којашто блескала во долг, бел фустан.
Минатата година, Мајкл Џеј Фокс го претставил документарецот за својата кариера и борбата против тешката болест „Still: A Michael J. Fox story“ којшто бил номиниран за „BAFTA“ награда.