Во британското шоу “Moms Make Porn“ мајки режираа порно филмови за кај нивните деца би се развил здрав поглед на сексот. Во последната епизода, тинајџерите со своите мајки заедно во кино гледале порно филм, што ја згрозила британската јавност.
– Значи, тие се во кино со своите деца и гледаат порно филм? Каква е таа глупост? -напиша една од гледачките на Твитер.
Од друга стррна, не биле сите критични. Еден корисник на Твитер напиша дека му е жал што шоуто завршува. Исто така и децата што со своите мајки го гледале порно филмот позитивно реагирале.
– Се гордеам со својата мајка, – рекла Алис.
– Ја со мојата ќерка имаме изградено отворен однос, но за порнографија никогаш не сме зборувале. Нивната генерација гледа порнографија. Девојките сметаат дека тоа е нереално, додека момчињата се уверени дека вистинскиот секс така изгледа. Сметам дека на проблемот треба сериозно да му се пристапи и треба да се снимаат реални порно филмови, – заклучила една од мајките што учествувале во режирањето на филмовите.