50-годишната Зорица Штрбац е родена на 3. август 1969 година во 03:57 часот во болница во Аузбург. Како што пишуваат германските медиуми, таа била резултат на повредена врска на нејзината мајка, Србинка, која привремено работела во Германија.
Една недела по раѓањето, штом ја напуштила болницата, Зорица била оставена од својата мајка во торба на крајбрежјето на една река.
-Ме фрлила како отпад и никогаш не се покајала за тоа – сведочи Зорица за германските медиуми.
Не морало да биде така, затоа шт, како што вели Зорица, вработените во клиниката уведеле во каква состојба била мајката на Зорица и ѝ понудиле помош.
-Вработените ѝ понудиле помош на мајка ми да ме остави таму. Таа не била подготвена за бебе, немала никакви работи и опрема за мене – рекла Зорица.
Мајката сепак не се согласила на помош туку ја ставила Зорица во торба, ја затворила и влегла во такси. Ја однела до крајбрежјето од реката Лек.
-Торбата паднала два метри низ крајбрежјето, но не паднала во вода. Грмушките ме спасиле – сведочи Зорица.
Бебето било на крајбрежјето неколку часа, а потоа ја спасиле минувачи – мајка и син.
Нејзината мајка била уапсена. Изјавила дека се кае, а од затвор бил пуштена после една година. Како што пишува „Билд“, после тоа, Зорица била вратена кај мајката, а кога имала три години, грижата за неа ја преземал нејзиниот татко.
Долго Зорица не знаела ни која ѝ е мајка ни што направила, Потоа решила да почне да истражува, па читајчи весници дознала многу работи.
-Во 2003 година ја пронајдов преку огласи во Србија и отидов таму. Се најдовме лице во лице после толку години. „Во што гледаш, зарем не ме препознаваш“, ме праша на српски. Тоа беше последен пат да ја сретнам мајка ми – рекла Зорица која ни денес не добила одговор на прашањето зошто мајка ѝ се обидела да ја убие и тоа на таков начин.
-Што сум ѝ сторила? Ми беше ужасно кога ги гледав другите деца како се прегрнуваат со родителите и кои беа среќни. Моето било обид за убиство – рекла таа.