Со 20 милиони долари Џенифер Анистон е една од најбогатите светски глумици. Но, на почетокот на кариерата ја немала поддршката од семејството.
Во годишното издание на ‘People of the year’ Џенифер зборуваше за односите со родителите кои немале верба во нејзиниот талент.
“ Имав голема самодоверба и верувам дека можам да успеам. Но, мајка ми од старт ми рече дека од глума нема леб и дека нема да заработам ниту долар. Во тој момент во мене проработи инатот, а стигна и серијата “Пријатели“ па целото семејство увиде дека сепак ќе заработам некоја пара – се потсеќа 50-годишната глумица која имала турболентни односи со нејзината мајка, но денеска ништо не и замерува.
“ Борејќи се со финансиските проблеми и заминувањето на татко ми, мајка ми го пропушти најважното во моето созревање. Сигурно не и беше лесно како самохрана мајка“ , вели Анистон кој сепак преминала преку многу работи и несогласувања со семејството.