Холивудската глумица Анџелина Џоли со години важи за една од најубавите жени на светот. Според нејзините најблиски, таа многу личи на нејзината покојна мајка Маршелин Бертран, по која нејзината ќерка Вивиен Маршелин го носи името.
Маршелин исто така била актерка, но ја прекинала кариерата за да може да се посвети на семејството, особено на нејзините деца. Таа се омажила на 21 година и најпрво го добила синот Џејмс, а потоа и Анџелина.
Никако не можела да ги вклопи актерските и семејните обврски, па одлучила дека сака да мине повеќе време со децата, наместо да снима. Од Џон Војт се разведе по пет години, бидејќи открила дека ја изневерувал.Таа почина по долга борба со ракот на дојка и на јајници, во 2007 година. Оттогаш Анџелина живее во постојан страв дека ја наследила болеста на нејзината мајка.
https://www.instagram.com/p/B34nbZLoVBH/?utm_source=ig_web_button_share_sheet