Мајка спасува син од киднапирање среде бел ден во Њујорк (ВИДЕО)

by Тони Зографски

На социјалните медиуми кружи видео од безбедносна камера на кое се гледа како мајка успева да го спаси 5 годишниот син од киднапер во Квинс во Њујорк.

Жената шеташе со своите три деца во Квинс, Њујорк во четвртокот попладне, кога двајца мажи застанаа покрај нив.

Еден од нив излегол од автомобилот, притрчал кон момчето кое скокало пред неговата мајка, брат и сестра и го фатило и го турнало во автомобилот.

Но, во тој момент, целото семејство, мама и деца, трчаат кон автомобилот и некако го извлекуваат малото момче низ прозорецот.

Медиумите јавуваат дека еден од мажите е уапсен.

Деталите и мотивот на нападот сè уште не се познати.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com