СЛАВЕЊЕТО на роденден е незаборавно искуство за секое дете, но една мајка, Глориа, сподели видео на TikTok во која се пожали дека речиси никој не дошол на роденденската забава на нејзината ќерка. Како што објаснила во објавата, таа организирала се за 3-тиот роденден на нејзината ќерка и поканила многу луѓе, од роднини до пријатели, но се појавиле само двајца од нив.
На видеото можеме да видиме дека се е подготвено за да го прослави роденденот на нејзиното девојче, но никој нема. Видеото веднаш стана вирално на социјалните мрежи, а многу родители коментираа за поддршка на разочараната мама. Имало и такви кои самите доживеаја нешто слично.
„Многу ми е жал. Една година ни се случи истото, подготвив се и на крајот се појавија само неколку луѓе. Нема врска, дојдоа важните за тебе, можеш и без другите“, е еден таков коментар.