Девојчето Зои Феликс (5) од Канзас е пронајдено мртво во близина на камп за бездомници, а како што се наведува, девојчето трагично починало како последица на силување.
Микел Вејн Чери (25) е обвинет за силување и убиство на девојчето, а се дознава дека мажот живеел со Зои, нејзиниот татко и сестра во камп за бездомници.
Пожарникарите се обиделе да го реанимираат петгодишното девојче на бензинската пумпа, но набрзо била констатирана смрт.
Зои живеела во камп за бездомници со нејзиниот татко и сестра, откако нејзината мајка ги исфрлила од куќата. Со нив во кампот живеел и осомничениот Микел, кој е обвинет за силување и убиство на девојчето.
Соседката Шерон Вилијамс рекла дека мајката на Зои, Холи Џо Феликс (36), ги избркала нејзините ќерки и сопругот од нивниот дом пред две недели, оставајќи ги да живеат во камп за бездомници. Одделот за деца во Канзас бил повикан повеќе пати во неделите пред нејзината смрт, откако семејството немало вода, а децата биле покриени со измет.
“Зои не заслужи да биде во шумата. Ова е нејзиниот дом токму тука. Има еден, двајца, три, четири, пет луѓе кои би направиле сѐ за неа”, рекла сосетката Шерон.
Според жителите во кампот, Зои често ги прашувала дали може да остане со нив бидејќи нејзината мајка ја запоставувала. Таа често била видена како трча наоколу без надзор.
„Сите се грижеа за неа, сите освен родителите“, вели Шерил, која живеела со девојчето во кампот, објави Дејли Меил.