Телото на исчезнатото петгодишно девојче е пронајдено во куќата на нејзината мајка во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес.
Истрагата била покрената откако загрижениот татко пријавил во полиција бидејќи со месеци не ја видел својата ќерка. Телото било скриено во дрвена кутија наполнета со цемент што нејзината мајка ја користела како ноќна масичка.
Ванеса Мансила, мајката на девојчето, најпрвин му кажала на таткото дека го предала детето на социјалните служби поради лошите услови за живот во нејзиниот дом. Кога полицијата се појавила да ја претресе нејзината куќа, таа наводно признала дека нејзината ќерка починала, но тврдела дека била исплашена и не знаела што да прави.
Плашејќи се да не ѝ ги одземат другите две деца, телото го ставила во кеса, а потоа кесата со телото ја ставила во кутија полна со цемент земен од блиското градилиште. „Таа ја користеше кутијата со телото како ноќна масичка во нејзината спална соба“, изјавил истражителот за локалната новинска агенција Телам.
Резултатите од обдукцијата сугерираат дека девојчето починало од респираторна инфекција предизвикана од постоечка болест. На девојчето ѝ требало трахеостомија, хируршка процедура која создава надворешен отвор на душникот и назогастрична цевка. Портпаролот на судот потврдил дека немаат податоци за претходни претставки поради семејно насилство.
La mujer,de 27 años, había escondido el cadáver de su hija de 5 años, con un retraso madurativo y una enfermedad respiratoria congénita.
Según el testimonio de la madre, se ahogó a fines de julio pasado a causa de una broncoaspiración y decidió enterrarla en su casa. pic.twitter.com/f0kF7PaxUb— Ignacio González Prieto (@igonzalezprieto) November 30, 2022
Истражителот изјавил дека мајката прво им признала на роднините дека ќерка ѝ починала. “Таа рече дека се се случило едно попладне откако ги избањала децата. Дремела и кога се разбудила отишла да го види девојчето, а таа веќе била мртва”, додал истражителот.
Иако истрагата била покрената кога таткото се јавил во полиција, нареден е итен претрес во домот дури откако роднините ги известиле надлежните дека мајката им признала дека девојчето е мртво. Девојчето имало двајца браќа, на возраст од три и седум години, кои ѝ биле дадени на грижа на нивната баба, пренесува Sky News.