Гинекологот Ксенија Вербицкаја од Санкт Петербург победи на натпреварот во убавина за мажени жени, Mrs Universal Classic, што се одржа во Софија. Натпреварот на кој беа пријавени 36 натправарувачки заврши со триумфот на 43-годишната Русинка, мајка на три ќерки и еден син.
Во 2019 година таа победи на натпреварот за убавина во Санкт Петербург со што го доби правото да ја претставува Русија на финалниот натпревар. Во финалето на натпреварувањето, Ксенија се појавила на бината во црвено-бела тоалета, а ја извела шпанската песна “Besame Mucho”.
Инаку, пред неколку години една пациентка Ксенија ја советувала да учествува на натпреварување за убавина, но во тој момент таа не можела да се натпреварува бидејќи била бремена со четвртото дете.
“Ме преплавија емоции! Им се заблагодарувам на сите мили личности. Ги чувствувам вашата љубов и поддршка! Ви благодарам”, им се заблагодарила Ксенија на Инстаграм на сите кои ја поддржале.
За учество во овој натпревар кој се одржува од 2007 година, условите се жената да биде мажена, да ги има реализирано нејзините амбиции во кариерата и да има најмалку 40 години.
https://www.instagram.com/p/B7oJAchJpdP/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://www.instagram.com/p/B6tFfhkJzoj/?utm_source=ig_web_button_share_sheet