Олександра Жовтјук со своите три мали деца се крие во засолниште во куќата на нејзината баба во јужниот дел на Херсон, град окупиран од руските воени сили.
Таа за Си-Ен-Ен изјави дека не им останало многу храна или медицински материјали и дека никогаш не помислила дека ќе мора да ги учи своите мали деца како да се кријат од бомби.
„Во моментов се чувствуваме многу изолирани од остатокот на Украина. Не излегуваме, бидејќи руските војници не ни дозволуваат да возиме низ градот или од градот, ниту пак пуштаат помош во градот“, продолжува таа.
Нејзиното најстаро дете има седум години и веќе разбира што се случува. Се буди навечер, плаче и ме прашува кога ќе заврши сето ова. Средното дете не разбира се`, а тие мислат дека сето тоа е само игра. И навистина сакам да мисли дека тоа е игра што треба да ја играме според правилата.Најмалото дете има 18 месеци. Се плаши ноќе, плаче и секогаш сака да биде со мене бидејќи чувствува дека нешто лошо се случува“, вели Олександра.
Во интервју за Си-Ен-Ен открива дека постојано му кажува на своето најстаро дете дека мора да бидат силни, дека мора да бидат заедно и дека мора да ја слуша. Децата спијат во ходникот бидејќи тоа е најбезбедниот дел од куќата, додава таа.
“И` реков на ќерка ми ако нешто експлодира, стискај се со сестра ти и не трчајте кон мене. Мора да останат заедно. Страшно е што има седум години, никогаш не помислив дека ќе му кажам на моето дете да не трча кај мене туку да остани со нејзината сестра.Многу е страшно“, опишала Олександра.