МАЈКА НА МОРНАР ОД “МОСКВА”: Бродот го погодиле три ракети од Украина, 40 морнари загинаа

by Тони Зографски

Во ракетен напад на рускиот воен брод „Москва“ во Црното Море загинаа околу 40 морнари, неколку исчезнаа, а многу други беа ранети, објави независниот руски весник „Новаја газета Европа“, цитирајќи ја мајката на морнарот за кој се верува дека бил на бродот.

Мајката за „Газета“ изјавила дека нејзиниот син во телефонски разговор и рекол дека „Москва“, командниот брод на руската морнарица на Црното Море, бил погоден од три проектили кои пристигнале од копното, од украинска територија.

„Во експлозиите многумина останаа без екстремитети, тоа беше застрашувачко.

“Ми се јави и плачеше поради тоа што го виде. Вели дека е страшно”, рекла таа и додала дека била исплашена и затоа што морал да чека да му истече воениот рок.

Тој рече дека нема да ѝ ги каже деталите за тоа што го видел, бидејќи било страшно, додавајќи дека многу ранети останале без екстремитети во експлозиите. „Новаја Газета“ не го објави името на морнарот и неговата мајка за да ги заштити.

Но, „Новаја Газета“ вели дека виделе документи кои ја докажуваат веродостојноста на тврдењето дека тој служел на „Москва“. Руското Министерство се уште не соопштува ништо за жртвите на воениот брод Москва. Претходно, Радио Слободна Европа ја потврди смртта на морнарот Иван Вахрушев.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com