Ешли Мекгваер од Масачусетс побарала помош на Фејсбук. Таа не знаела каде исчезнал нејзиниот сопруг Чарлс Витерс, откако ја напуштил неа и нејзините две деца.
Ешли Мекгваер го барала својот сопруг Чарлс Витерс, кој ги оставил неа и нивните две деца, но само за да може да се разведе од него.
„Минатата година, кога бев бремена со нашето најмало дете, тој одлучи дека да се биде сопруг и татко повеќе не е начинот на живот што го сака и нè остави, исчезна без трага. Едното дете го нема видено повеќе од една година, а другото никогаш не го запознал. Се отсели од државата и го смени телефонскиот број“, напиша Ешли.
Ешли сакала да се разведе, но за тоа треба да биде присутен и нејзиниот партнер
„Се обидувам да го најдам, за да се потпише на неколку хартии и конечно да го затворам тој дел од мојот живот и да продолжам понатаму. Слушнав дека сега се вика Чарли, Британец е и е шармантен. Тој е готвач и веројатно работи некаде во угостителството. Веројатно никогаш не спомнал дека има жена и деца во Масачусетс. Ако го познавате, работите со него, сте во врска или сте пријатели, може ли да му кажете да ме контактира или да ми кажете каде да го најдам?
Околу 14 часа откако беше објавено, луѓето на интернет го лоцираа
Имено, жените кои се допишувале со него на апликацијата за запознавање „Bumble“, ја контактирале Ешли и ѝ дале адреса и телефонски број. Тие објавија дека Чарлс наводно е во Тексас.
Ешли одговорила дека добила повеќе од доволно информации и така конечно го лоцирала.