Лиза Снајдер (41) е осомничена дека во 2019 година ги задавила своите две малолетни деца со кучешки поводници во подрумот на семејната куќа во Пенсилванија.
Мајката наводно ги задавила осумгодишниот Конор и четиригодишната Бринли, а децата трагично починале три дена подоцна откако биле симнати од апаратите за одржување во живот.
Во својата одбрана, мајката тврдела дека Конор бил малтретирано дете на училиште и дека се самоубил бидејќи неговото однесување долго време навестувало на тоа.
Меѓутоа, полицијата открила дека мајката на интернет пребарувала информации за самоубиство, смрт со бесење и како да убие некого. Истражувала и криминалистички документарни серии.
Властите веднаш биле скептични за нејзиното тврдење за самоубиство, велејќи дека не нашле докази за да го поддржат тоа.
Безбедносните снимки од училишниот автобус снимени на денот на трагедијата не покажувале ништо необично, а терапевтот за работа подоцна изјавил дека момчето не било физички способно да си нанесе таква штета на себе или на својата помала сестра.
По извршената обдукција, судскиот вештак заклучил дека двете деца биле убиени со бесење и смртта ја прогласил за убиство, пишува Мирор.
Синот на Лиза, Овен Синдер (22) се огласи да зборува за убиствата, оставајќи ја мајка му во солзи на суд.
„Едноставно повеќе не ја гледам како мајка “, рече Овен.
Овен, исто така, сугерирал дека Конор имал физички ограничувања што би го направиле овој тип на самоубиство невозможен за него.
Снајдер првично била обвинета дека имала сексуални активности со нејзиниот пит бул непосредно пред убиствата, врз основа на доказите пронајдени на нејзиниот Фејсбук профил.
Сепак, судијата одлучил дека овие наводи нема да бидат вклучени во судскиот процес за убиство.