Познатиот водител Андерсон Купер неодамна гостувал во емисијата на Стивен Колберт и во таа прилика открил никогаш претходно откриени детали од односот со неговата мајка.
Имено, таа сакала да му биде сурогат мајка односно да му роди дете. Како што вели Андерсон, таа посетила гинеколог кој ѝ потврдил дека сè уште е во состојба да раѓа. Водителот се грижел дека тоа би значело дека таа сака уште едно дете за себе, но мајка му го уверувала дека тоа не е вистина.
„Некогаш луѓето се прашуваат како во текот на интервјуата останувам прибран кога гостите зборуваат луди работи. Па, јас пораснав со Глорија Вандербилт.
Ми рече: ‘Душо, јас не зборувам за тоа дека сакам уште едно дете, тоа е лудо, имам 85 години. Мислев ти да најдеш донор на јајце клетки, сè да се направи како што треба, а јас да го носам твоето дете’“, раскажал водителот во емисијата и открил дека бил шокиран:
„Тоа е потполно ново ниво на лудило. Тоа дете би било на насловните страници до крајот на неговиот живот“.
Глорија Вандербилт почина во 2019 година, а само една година подоцна Андерсон, кој се декларира како хомосексуалец, го доби синот Вајат со помош на сурогат мајка.
Comments are closed.