Мајката и сестрата на пејачката Мараја Кери, Патриша и Алисон, починаа во ист ден за време на викендот.
-Срцето ми е скршено бидејќи минатиот викенд ја изгубив мајка ми. За жал, во трагичен расплет на настаните, сестра ми го загуби животот истиот ден. Се чувствувам благословено што можев да ја поминам последната недела со мајка ми пред да почине. Ја ценам сечија љубов и поддршка и почит кон мојата приватност во овој невозможен период“, изјави Мараја за Пeople.
Таа не ја откри причината за смртта на нејзината мајка и сестра.
Мајката на Мараја Кери, Патриша (87) била поранешна оперска пејачка со ирско-американско потекло.
Во своите мемоари од 2020 година, “The Meaning of Mariah Carey”, Мараја Кери напиша дека имала комплициран однос со нејзината мајка, но повеќе пати има изјавено дека секогаш и се заблагодарувала на нејзината мајка што јасвртел кон музиката.
Во своите мемоари, Мараја Кери напишала и дека се дистанцирала од нејзината сестра и брат Морган, наведувајќи дека „емотивно и физички е побезбедно да нема никаков контакт со нив“.
-Како и многу аспекти од мојот живот, така и моето патување со мајка ми беше полно со противречности и спротивставени реалности. Никогаш не беше само црно-бело – тоа беше цело виножито од емоции – напиша таа во своите мемоари за 2020 година.
-Нашата врска е бодликава жица на гордост, болка, срам, благодарност, љубомора, восхит и разочарување – продолжила Марија во книгата.
Сестрата на Алисон ја тужеше пејачката по објавувањето на мемоарите, барајќи 1,2 милиони долари, велејќи дека тоа и предизвикало „емоционална болка“,