“Мајка ми е од Косово, но ќе дадам се да победи Македонија“: За Барди престојниот меч е и емотивен

by Тони Зографски

Македонскиот репрезентативец Енис Барди се очекува да биде еден од неколкумината клучни играчи на патот кон вистинскиот крем – Евро 2020. За Барди историскиот меч со Косово кој е закажан за 26 март (20.45 часот) на Националната Арена „Тодор Проески“ е посебен и многу емотивен. Ама, без оглед што по мајка е од Косово, нема дилема за пресметката – ќе гине за Македонија.

„Македонија ми даде шанса на 19 години да дебитирам и јас сум ѝ благодарен, како и на сите луѓе кои многу ми помогнаа. Нè чека пресметка со Косово, а за мене ова ќе биде многу емотивен меч. Мојата мајка е од Косово, јас сум внук на Косово, ама на терен ќе играм за Македонија и ќе направам сè за да победиме. Ние играме за успех, а играњето со Македонија на Евро 2020 е еден од тие цели, заедно со настапите за Леванте“, вели Барди во интервју за косовска „Приштина Т7“.

Инаку, Барди е роден скопјанец, репрезентативец е на Македонија од 2012 година како дел од селекцијата до 17 години. Стана дел од најталентираната генерација која на крај го покажа квалитетот со настап на Евро 2017. После настапот на младинскиот шампионат замина од Ујпешт во Леванте за 1,5 милиони евра, па брзо се промовира во Ла Лига, во дебитантската сезона шпанските медиуми го прогласија како „погодок на годината“, зашто Леванте за ситни пари донесе извонреден играч.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com