Џолин Диаз има 43 години, но сите мислат дека е многу помлада и често ја мешаат со нејзината 19-годишна ќерка, Меилани Паркс. Како што вели Џолин, често се случувало луѓето да помислат дека се работи за две сестри.
“Мислам дека не и смета. Додека растеше, често ги слушаше луѓето како ми велат дека мислат дека мојата ќерка ми е сестра”, вели Џолин.
Како што вели, таа и Меилани никогаш не оделе на забава заедно, а додава и дека не планира. Додека нејзината ќерка се забавува, така вели дека сака да остане дома и да испие шолја со чај. На овие фотографии, мајката се наоѓа од лева страна, а ќерката од десно.
“Од секогаш живеам здраво, живеам активен живот. Ретко пијам алкохол, добро се одмарам и јадам балансирано”, додава таа.
Инаку, Џолин е самохрана мајка, а од партнерот се разделила пред 13 години.