Сузан Морисон, мајката на Метју Пери, зборуваше на годишнината од смртта на актерот.
Таа за емисијата „Today“ на „NBC“ изјави дека Пери „претчувствувал дека ќе умре“.
„Тој дојде до мене и ми рече: „Те сакам многу и среќен сум што сум со тебе сега“. Тоа беше претчувство или нешто слично, не размислував за тоа во тоа време, но помислив: „Колку долго време не сме зборувавале така“. Мислам дека имаше нешто… Беше неизбежно тоа да се случи и тој го почувствува тоа“, се присетува Сузан.
„Но, тогаш тој рече: „Веќе не се плашам“. И тоа ме загрижи“, додаде таа.