Маје Маск, мајката на најбогатиот човек на светот, Илон Маск, позирала во бикини, а изгледа прекрасно.
Маје Маск сака да ги сруши општествените норми за стареењето и она што е „дозволено“ во одредени години.
Таа има 74 години и е ѕвезда на насловната страница на магазинот „Sports Illustrated Swimsuit“ којшто има култен статус во САД.
„Мојата прва реакција беше дека никогаш не сум можела да замислам такво нешто, зошто некој би имал 74-годишна жена на насловна страна, особено во бикини“, се пошегувала Меј Маск.
„Мислам дека ова ќе ги направи жените во седумдесеттите години да се чувствуваат попријатно кога пливаат, како и жените во 20-те и 30-те години. Кога жените одат на плажа, помалку се срамат во врска со своите тела, но мажите одат наоколу, изгледајќи ужасно и не им е гајле“, вели Меј.
„Поминав низ различни фази од својот живот во кој сум била отфрлена, навредена, разочарана и тоа едноставно ви ја одзема самодовербата. Потоа едноставно мора да поминете низ тоа. Па, еве, имам 74 години и најсреќна сум, а не ми е ниту гајле за многу работи. Никој не ме навредува – не сакаш да навредуваш баба. Поентата е луѓето да бидат навистина добри кон мене во оваа фаза, но зошто им требаше толку долго“, се запрашала.
Маск изјавила дека научила да го менува своето опкружување и отстранување на негативното влијание од својот живот.