Композиторот Јован Јованов е многу добар пријател со пејачката Маја Саздановска, која со години работи како организатор во Македонската опера и балет. Имено тие двајца објавија фотографии од нивната средба во Скопје.
– Мојата убава најдобра пријателка- напиша Јованов.
– Само ние двајца. Направи да се почувствувам толку посебно. Те сакам како луда- напиша Саздановска на нивната фотографија.
Инаку, Јован Јованов кој од 2014 година живее во Канада, по долго време дојде повторно во Скопје.