Ќерката на Маја Оџаклиевска, Андреа се омажи за нејзиниот долгогодишен дечко Милош Живковиќ кој е брат на познатата манекенка Дејана Живковиќ. Тие се венчаа во црква, а потоа направија забава со блиски пријатели во еден ресторан на брегот на Сава.
Младенците за време на венчавката биле многу среќни и не ги тргале насмевките од своите лица. Андреа која е бремена, го покажа и стомачето, што значи дека Маја ќе стане баба по втор пат. На журката пеела и Маја.
Инаку, Андреа, која честопати ја следеше нејзината мајка во нејзините телевизиски настапи, веднаш ги собра комплиментите за својот изглед. Студентката по туризам често споделува свои фотографии со нејзината мајка, и на нив најдобро се гледа дека таа наследила многу од неа, меѓу другото, широката насмевка што ја краси познатата поп-пејачка.