Македонската пејачка Маја Оџаклиевска која живее во Белград повеќе пати говорела за семејниот проблем откако на нејзиниот внук Лука во 2013. година му е дијагностициран аутизам.
„Најмногу време минувам со Лука и кога станува збор за некоја рутина која се однесува на него, тие денови не се менуваат многу, но секој е различен бидејќи зависи од неговото расположение. Ако е нерасположен тогаш одиме во парк. Тоа е простор во кој тој се опоравува “, рекла меѓудругото Маја за „Глорија“.
Откако одлучила да го остави микрофонот таа продолжила да живее со пензија од неполни 300. евра месечно.
„Со мојата мала пензија не можам многу нешта да му пружам на внукот, но тој е разбран. Кога му велам дека нешто не може, дека немаме пари, тој малку се лути, но ќути. Не е бесно дете кое по секоја цена сака да го истера своето“ – изјавила Маја која нејзина најголема желба е Лука да се опорави и да напише книга.