Маја Вукичевиќ се пресели во Австралија, дознава „Женски магазин“ .
Причината за нејзиното иселување е наводна љубовна врска со нашинец кој долги години живее во Сиднеј, тврди естрадниот магазин „Ексклузив“.
Вукичевиќ пред неколку години комплетно се повлече од музичката сцена. Во меѓувреме се посвети на нејзината прва љубов – новинарството и неколку месеци беше дел од тимот на едно домашно списание.